Во поплавите во Авганистан загинаа 160 луѓе, се бараат телата

 

Спасувачите во Авганистан продолжија денеска со потрага во калта и урнатините по исчезнатите лица, откако неделава поплава усмрти 160 луше и уништи многу домови шрум земјата, потврдија надлежните.

Тринаесет провинции, главно на северот од земјата беа погодени со поплавите.

Во Парван, град северно од главниот Кабул загинаа 116 лица, повеќе од 120 се повредени, додека 25 се водат за исчезнати.

Најголем дел од настраданите се змејоделци и работници со финансиски проблеми, а полицијата апелира за дарување крв за бројните повредени.

Минстерството за одбрана соопшти дека војската помага во расчистувањето, иако се бори и со талибаните бунтовници.

Од НАТО потврдија дека нивните сили исто така ја поддржуваат авганистанската војска, а на почетокот од неселата носеле храна, вода и покривки во погоденото подрачје, јави Ројтерс.