Во поплавите на југот на Јапонија загинаа најмалку 16 луѓе


 

Во поплавите и лизгањето на земјиште на југот на Јапонија во префектурата Кумамото најмалку 16 луѓе загинаа, додека 13 се водат како исчезнати, пренесоа странските агенции.

Дожодош во ова подрачје почна да паѓа во петок навечер, а во селото Кума потопен е дом за нега на стари лица. Надлежните соопштија дека 14 штитеници од овој дом најверојатно починале, додека тројца покажувале знаци на хипотермија.

Во друг дом за нега на стари лица околу 60 луѓе се заробени, а акцијата за спасување во која учествувале до 10.000 војници од одбраната, крајбрежна стража и противпожарна бригада, продолжи и денеска.

Властите од повеќе од 75.000 луѓе кои живеат во префектурите Кумамото и Кагошима побараа да ги напуштат своите домови поради силните дождови кои почнаа во петокот и кои продолжија во саботата. Евакуацијата на жителите не беше задолжителна и многумина одлучија да останат дома, поради стравот од корона вирус, иако надлеќните напоменаа дека засолништата се безбедни и дека со нив се почитуваат сите мерки за заштита.

Поплавите доведоа до немање струја и прекин на телефонските линии, што доведе до одлагање на акциите за спасување, а речиси 6.000 домови во Кумамото денеска и понатаму се без струја, потврдија надлежните.

Дождот во меѓувреме ослабе, но јапонската метеоролошка агенција го задржа предупредувањео за свлечишта во Кумамото.