Во понеделник ќе се знае дали повторно ќе се отвори случајот за силување против Асанж


 

Шведскиот државен обвинител, во понеделник, ќе објави дали повторно ќе ја отвори прелиминарната истрага за наводите за силување, кој се водеше против Џулија Асанж.

„Обвинителот ќе ја објави својата официјална одлука на конференција на новинарите“, соопшти обвинителството, пренесе Ројтерс.

Асанж е уапсен минатиот месец во Лондон, откако амбасадата на Еквадор му го укина азилот.

Пред четири години Шведското обвинителство соопшти дека се откажуваод истрагата против основачот на „Викиликс“ за два случаи на сексуално насилство откако тие застареа.