Во подрум во тетовско училиште најдени школски бомби од СФРЈ


Во вторникот,  околу 11 часот во СВР Тетово било пријавено дека при чистење на подрумска просторија на основно училиште во с.Јегуновце, тетовско, биле пронајдени три школски противпешадиски распрскувачки мини, една школска противтенковска мина, две школски рачни бомби, 12 парчиња школски електрични детонаторски каписли и две школски мини ПМА 1А, кои потекнувале од периодот на поранешна СФР Југославија.

Увид бил извршен, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување пронајдените предмети биле подигнати за понатамошна постапка.