Во Подгорица продолжени за седум дена мерките за заштита од Ковид-19


Црна Гора –  Националното координативно тело за заразни болести (НДЦ) на Црна Гора ја продолжи примената на мерките против ширење на коронавирусот во Подгорица за уште седум дена. Тие побараа надлежните инспекциски служби веднаш да започнат со спроведувањестроги контроли за почитување на пропишаните мерки.

Мерките, што беа воведени пред една недела, вклучуваат носење заштитни маски во затворено и на отворено, вклучително и деца на возраст над седум години.

Маските се задолжителни во возила за јавен превоз и во возила што се користат за превоз на вработени за сопствени потреби, како и во патнички автомобили, освен за членовите на исто домаќинство.

Собирањето граѓани на отворено јавно место е ограничено на 40 лица, а на затворено на 20 лица, со обврска да го почитуваат физичкото растојание од најмалку два метра и да носат заштитни маски.