Во петок почнува новата сезона во „Аква паркот“


Во петок, со почеток од 10 часот стартува новата сезона во Аква Паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“.
Од таму ги канат сите граѓани да бидат дел отворањето и да ги погледнат, но и да уживаат во новите содржини во Вип Аква Парк.
Оваа година, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти, 10-те атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и новото детско катче за забава во песок. Новитет е и полудневната карта, која ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови. Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди.
Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави, родендени, момински и ергенски вечери.