Во пет општини во Србија е прогласена вонредна состојба – има премногу снег


Во Србија е прогласена вонредна состојба во пет општини, поради големите снежни врнежи и снежни наноси, јавува РТС.

Од вчера вонредна состојба има во Ивањица, Бабушница, Нова Вароша, делови од Врање, а од утрово и во Црна Трава каде сите населби се под снег.

Патиштата се проодни во поголем дел од државата, но во некои делови невремето создаде проблеми со електричната енергија.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека патните правци од прв и втор приоритет се проодни, но дека на некои патни правци од трет приоритет има и до 10 сантиметри снег.

Пристапите кон зимските туристички центри се проодни.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Мртов маж пронајден во снегот кај Ивањица: Веројатно се работи за смрзнување

Според првите информации од терен, 70-годишен маж е пронајден мртов пред викендица во селото Беле Вода кај Ивањица.

„Тој бил целосно затрупан во снег и се претпоставува дека причината за смртта е смрзнување. Според мештаните, жртвата дошла од Белград во викендицата во Голија, но никој не знае со сигурност што се случило“, пренесува Инфо лига.

Понатамошната истрага ќе ја открие точната причина за смртта.