Во паркот Максимир нападнат геј маж, се обиделе да го запалат?


Во саботата вечерта во загребскиот парк Максимир нападнат е геј маж. Настанот се случил околу 21.40 часот, а според информациите, негу му пришле двајца мажи и по кратка расправија, го нападнале, со запаллив коктел.

Нападнатиот има тешки изгореници од втор степен по лицето, вратот и дланките на двете раце.

Пружена му е лекарска помош на Клиниката за трауматологија.

Полицијата интензивно го истражува случајот, кој според достапните информации, има оболежја на хомофобен напад. ДО конкретни осомничени полицијата се уште не дошла.

Здружението Загреб прајд реагираше на веста за нападот на геј мажот во загребскиот пакр Максимир.

„Загреб прајд од загребската полиција бара итна и остра реакција за сите загребски јавни простори, паркови плоштади и улици да ги заштити од напад на граѓаните од страна на десничарски банди“, се вели во сооптението.