Во пандемијата значително се зголеми злоупотребата на деца, предупреди Европол


Бројот на случаи на злоупотреба на деца значително се зголеми за време на пандемијата, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од европската полициска служба Европол.

-Од почетокот на пандемијата, извршителите на ваквите злосторства пребаруваа материјали преку интернет поактивно од кога било, изјави директорот на Европол, Кетрин де Бол, за германската медиумска групација „Функе“.

Таа предупреди дека криминалците се обидуваат да контактираат директно со деца, кои поминуваат повеќе време на интернет за време на карантин, честопати без надзор.

– Тие случаи на злоупотреба нагло се зголемија, нагласи Де Бал.