Во осум скопски и две прилепски училишта стигнала дојава за бомба
Денеска, до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.