Во општина Центар ќе се поправаат и санираат 13 покриви и 12 лифтови
Врз основа на Програмата за комунални дејности на Општина Центар за 2020 година, донесена од страна на Советот на Општина Центар, општината трета година по ред објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради.
Во изминатите три години со проектот за поправка и санација на кровови и лифтови се санирани 53 станбени објекти. Оваа година средства се издвоија за поправка на вкупно 25 покриви и лифтови. Проектот е поддржан со финансиски средства од општинскиот буџет, во висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици. Селекцијата на одбрани апликанти се изврши по принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Право на учество имаа сите заинтересирани заедници на сопственици на станови, под следните услови: Доколку се работи за реконструкција на постоечки кровни конструкции, тие треба да бидат оштетени, доколку се работи за поправка и санација на лифтови, тие треба да бидат неисправни, но постоечки; сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда; и најмалку 70% од становите во зградата/влезот, да се користат, односно се вселени во текот на целата година, вклучувајќи ги и изнајмените станови.
Избрани проекти:
Поправка и санација на постоечки лифтови
- Бул. ВМРО 1/7
- Ул.Вељко Влаховиќ (Димитрије Чуповски) бр.21
- Бул. Кочо Рацин бр.26
- Ул. Народен фронт бр.33
- Ул. Св.Кирил и Методиј бр.20
- Ул. 11-ти Октоври бр.16
- Бул. Илинден бр.83/13
- Ул. 11-ти Октомври бр.18
- Ул. Васил Ѓоргов бр.24
- Ул. Народен Фронт бр.23/1
- Бул. Партизански одреди бр.14/1
- Ул.50-та Девизија бр.34 влез 2
Поправка и санација на постоечки кровни конструкции
- Бул. Кочо Рацин бр.26
- Ул. Даме Груев бр.3 влез 6
- Ул. Козара бр.64 влез2
- Ул. 11-ти Октомври бр.44 влез2
- Ул. Народен Фрот бр.13
- Ул. Киро Крстевски Платник бр.11 влез 1 и влез2
- Ул. Климент Охродски бр.13
- Ул. Франклин Рузвелт бр.72
- Ул. Васил Ѓоргов бр.24
- Ул. Народен Фронт бр.31
- Ул. Шумадиска бр.16а
- Ул. Антонио Грубишиќ бр.11/1
- Бул. Климент Охридски бр.13