Во Охрид претставен творечкиот опус на хрватскиот поет Валерио Орлиќ


Како дел од големата турнеја низ С Македонија и Албанија, денеска во Охрид беше претставен творечкиот опус на хрватскиот поет Валерио Орлиќ.

Настанот беше во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид , при што беше промовира и неговата најнова збирка поезија „Љубов распослана по морето”.

За поетското создавање, пред љубителите на поезијата, како и поети од Охрид и Струга, говореше Веле Митаноски, новинар, публицист и поет од Охрид.

-Некои се Господари на прстените, но нашиот себествојсвен Валерио е „Господар на своето време” (истоимена збирка од 2003-та година) на својот стих.Тој може да живее и во државната метропола Загреб, но Ријека му “више паше”. Од Риека помалку се гледа, како политички подобните, воопшто и во литератураат, незаслужено профитираат, не сака да биде дел од таа “непотистичка пајакова мрежа”. За уметноста се живее – од уметноста не се живее, рече Митаноски.

 

Поетите често пеат и сонуваат за слободата. Поетиоте не признаваат окови. На вистинските поети, поезијата им доага како дух на животот. Орлиќ, низ песните, е во потрага по својот душевен мир, неговата слобода е исконска и поетски вдахновена, додаде Митаноски.

Покрај во Охрид, Орлиќ ќе биде претставен и во Битола на 31 мај, а во меѓувреме, ќе учествува на поетскиот фестивал „Поетски вечери” во Корча Албанија, од 28 мај.

Орлиќ е добитник на низа домашни и меѓународни признанија за неговиот придонес во книжевноста во Хрватска, Македонија, Италија, Словенија, Србија, Бугарија, Полска, Унгарија и други земји. Меѓу другите и на Меѓународната награда „Хомер“ за придонес во европската и светската книжевност – Брисел, 2018.

Од 2018 година го носи признанието „Витез на светската поезија”.

Кај нас на „Балканската награда за поезија“ на 46-ите Караманови средби во Радовиш (2019), како и на „Струшко слово“ Струга, 2015 и „Слово“ Битола, 2016.

Орлиќ е основач и почесен претседател на Хрватското книжевно друштво, почесен член на Здружението на независните писатели на Бугарија, на Националната инија на писателите на Украина, како и на Академија Презент од Скопје, Македонија.

Покрај во Скопје, Охрид и Битола, Орлиќ беше специјален гостин на чествувањето на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, меѓу Македонците во Албанија, при што беа одржани низа промоции на книги и поетски читања од страна на автори од Македонија и Албанија.