Во новата година нови инвеститори во индустриската зона „Жабени“


Јавното претпријатие за стопанисување со индустриската зона „Жабени“ ќе објави повик за продажба на нови парцели за изградба на стопански објекти.

Според утврдената програма за работа на претпријатието во 2021 година, процесот за привлекување инвеститори ќе се интезивира и покрај големото влијание на пандемијата предизвикана од ковид-19.

-Во текот на оваа 2020 година падемијата ги отежна условите за привлекување на нови инвестиции, но не запревме со афирмацијата на индустриската зона како можност за инвестирање. Ние ги охрабруваме домашните и странски компании да го искористат потенцијалот, да вложуваат и придонесуваат за развој на пелагонискиот регион, посочуваат од ЈП СИЗ „Жабени“.

Индустриската зона „Жабени“ се наоѓа на јужниот дел од градот на патниот правец М5 до железничката пруга која води кон соседна Грција. Вкупната површина на зоната изнесува 834.539 метри квадратни.

Битолското јавно претпријатие чиј основач е локалната самоуправа во текот на 2021 година ќе продолжи да ги реализира активностите од надлежност на претптијатието како што се одржување на пречистителната станица, канализационата мрежа, хортикултурно уредување на просторот и одржување на коловозите за што обезбеден е буџет од 3,8 милиони денари.