Во Њу Орлеанс уапсени 30 сексуални престапници, спасени пет девојчиња


 

Работна група под водство на американски маршали пронајдоа пет исчезнати тинејџерки во операција во која се уапсени 30 сексуални престапници во Њу Орлеанс, во сојузната држава Луизијана.

Операцијата под назив „Бу дет“, споредена е меѓу средината на октомври и крајот на декември. Пронајдените тинејџерки имале меѓу 14 и 17 години, а меѓу 30-те уапсени, 17 биле сексуални престапници, кажаа американските маршали во соопштението, пренесе Фокс њус.

Операцијата е спореведена во соработка со полициската управа на Њу Орлеанс, канцеларијата на шерифот, државната полиција на Луизијана и работната група УСМС Њу Орлеанс.

Уапсен е маж кого полицијата го бара за силување 12-годишно девојче

Меѓу уапсените бил и еден маж кого полицијата го барала заради силување на 12-годишно девојче во близина на Њу Орлеанс и уште еден маж кој е баран за сексуален напад на 14-годишно девојче во луни во тексас.

Едно од опоравените девојчиња е 16-годишно кое побегнала од својата куќа во Њу орлеанс откако наводно украла автомобил и пуиштол од членовите на своето семејство. На крај е најдена како живее до неколку возрасни лица, меѓу кои и возрасна стриштизерка.

Меѓу спасените девојки се и две сестри на возраст од 15 и 16 години кои се можеби жртви на сексуалните злоставувачи.