Во невремето во Синџијанг починаа седум лица


Седум луѓе починаа откако Алтај во ујгурскиот автономен регион Синџијанг беше зафатен од исклучително студено време.

Според локалните власти во северозападна Кина, Алтај е погоден од најсилниот студен бран во изминатите десет години, придружен со силни ветрови и виулици.

На 26 ноември осум лица исчезнале во близина на националниот автопат Г217, што е клучна врска меѓу северниот и јужниот дел на Синџијанг. Еден ден подоцна сите осум лица беа пронајдени и се хоспитализирани.