Во Неготино објавена конечната листа на добитници на социјални станови


 Вкупно 45 лица од општината Неготино ќе се стекнат со право на закуп на социјален стан во новоизградената социјална зграда во градот.

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино известува дека е објавена конечната ранг листа на добитници на станови, кои се стекнуваат со право на закуп на социјален стан, согласно објавениот јавен повик од страна на Министерство за транспорт и врски. 

Задоволство од распределбата на социјални станови под закуп, вечерва изрази Сафет Темуровски, долгогодишен активист за правата на ромската заедница во Тиквешијата и поширокиот регион. 
 
– Како претставник на Ромскиот информативен центар Неготино, теренски соработник на РИА Неготино од проектот на УСАИД за Инклузија на Ромите, давам континуирана поддршка во остварување на правата на ромската заедница, нагласи Темуровски за МИА.