Во Неготино ќе се готви храна на енергија од сонцето

Храна на соларна енергија в четврток ќе се готви на плоштадот во Неготино, информираше денеска портпаролот на општината Методи Митрев.

Активноста е во рамките на спроведувањето на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“, а организатор е Здружението на граѓани „Ековита“.

Станува збор за еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија.

– Целта на одржувањето на настанот е сите заинтересирани присутни на лице место самите да можат да се уверат дека готвењето на храна може да биде и корисно и забавно, доколку се користат обновливи извори на енергија. Учество ќе земат ученици од четири класови од средното училиште. Додека се готви, на плоштадот со свои производи ќе се претстават локални компании, кои работат на опрема за искористување на сончевата енергија, соопшти Митрев. з

Ќе биде доделена и награда за најдобриот рецепт на учениците од СОУ „Св. Кирил и Методиј“.