Турција: Во операцијата во Сирија убиени 342 терористи


Во турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија убиени се, како што рече турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, 342 терористи.

– Нашата војска успешно ја спроведува операцијата „Извор на мирот“ во согласност со нашите планови, рече Акар за НТВ, додавајќи дека, според најновите податоци, биле неутрализирани 342 екстремисти.

Претходно, турското Министерство за одбрана соопшти дека во операцијата загинал и еден турски војник.

Турција во средата започна воена офанзива против курдските борци во Сирија.

Советот за безбедност на ОН вчера на итен состанок не успеа да се усогласи за заедничката изјава во која се изразуваше „длабока загриженост“ и ја повикуваше Анкара да ја „запре“ офанзивата.