Во Московска зоолошка угина алигаторот на Хитлер
Алигаторот што се смета дека му припаѓал на Хитлер угина во Московската зоолошка градина.
Алигаторот беше стар 86 години, а британските војници го нашле во Берлин по завршувањето на Втората светска војна и го предале на Црвената армија.
Алигаторот беше наречен Сатурн, а во главниот град на Русија беше пренесен во 1946 година.
Сатурн бил атраквија во зоолошката во Берлин во нацистичка Германија, а се ширеле гласини дека бил дел од личната колекција на миленичиња на Фирерот, како што сугерира рускиот писател Борис Акунин.
Дмитри Василев, ветеринар во Московската зоолошка, вели дека тој не се сомнева оти Хитлер му се восхитувал на алигаторот.
Сатурн живееше 75 години по поразот на Хитлер.
Тој е роден во дивините на Мисисипи во 1936 година пред да биде фатен и донесен во Берлинската зоолошка.
Мистерија е што правел алигаторот откако Берлин бил бомбардиран во ноември 1943 година. Војниците го нашле три години подоцна. Според една теорија тој се криел во подрумите и одводите, а според друга се смета дека бил во менажеријата на постар нацист.
Во раните 90-ти години на минатиот век, Сатурн посведочи на распадот на Советскиот Сојуз, а некои велат дека имал „солзи во очите“ кога тенковите го гаѓале парламентот што го „потсетило на бомбардирањето на Берлин“.
Сатурн е најстариот жител на Московската зоолошка и неколкупати лажирал смрт.
Најпрво дел од таванот во неговиот аквариум паднал, но го промаршил.
Посетител го гаѓал со камен по глава, по што бил лекуван неколку месеци.
Кога му направиле нов аквариум не јадел четири месеци во знак на протест.
Истото го направил и во 2010 година, не јадел цела година, но потоа продолжил да јаде.