Во моментов ниту една родилка не е позитивна на корона на Клиниката за гинекологија


Министерството за здравство укажува дека најверојатно погрешно е протолкувана изјавата на директорката на ГАК, Викторија Јовановска во врска со бројката на позитивни родилки на Kлиниката за гинекологија.

-Реагираме до медиумите соодветно да биде пренесена инофрмацијата дека не станува збор за 20 позитивни во моментов, туку за вкупно 20 од почетокот на епидемијата досега.

Во моментов на ГАК нема ниту една родилка позитивна на ковид-19, има осум родилки чии тестирања се во тек, а се сместени во одделот за изолација, стои во реакцијата.