Во март за 2.000 зголемен бројот на одјавени работници
Одјавите во Агенцијата за вработување не значат престаноци на работниот однос кај лицата. Во споредба со минатата година нема драстични промени во пријавите и одјавите што ги прават работодавачите. Ова вечерва во емисијата Топ тема на ТВ Телма го истакна директорката на АВРСМ Билјана Јовановска прашана за Метежот пред Агенцијата и дали тоа се должи на отуштања на работници.
-Агенцијата нуди услуга на работодавачите да спроведуваат пријава и одјава од задолжително социјално осигурување, а тоа значи дека лицата можат да бидат пријавени за социјалното осигурување, но можат да бидат и одјавени. Едно исто лице во текот на месецот може да биде одјавено и наредниот ден да биде пријавено. Одјавата како процес се бележи и кога станува збор за мирување или неплатени отсуство од работа, појасни Јовановска.
Според неа, бројот на невработени за март е зголемен за 1 900-2 000 лица. Таа информираше дека невработените со уредба на Владата за време на вонредната состојба не мора да се пријавуваат бидејќи нив системот ги оправдува и се заштитени. Оние лица кои остануваат без работа или првпат се пријавуваат во Агенцијата тоа можат да го направат во центрите на АВРМ, појасни Јовановска.
Директорката на Агенцијата информираше дека АВРМ работи на активните мерки на Владата и оти веќе се подготвени договори за вработување на 1 500 лица кои следната недела ќе засноваат работен однос кај приватните работодавачи со тоа што значи има вработување и регистрирање на пријави во задолжително социјално осигурување.
-Овие 1.500 лица влегуваат во дејностите угостителство, влегуваат во дејностите текстил и најразлични видови на дејност. Како институција не забележуваме драстични промени во пријавите и одјавите во задолжително социјално осигурување споредено со 2019 година, а ако земеме во предвид дека 2019 година имаше најмногу регистрирани пријави на работен однос односно задолжително социјално осигурување, истакна Јовановска.
Последниве години зголемен е бројот на пријави од работници за заштита на правата од работа за прекршување. Инспекторатот презема мерки во сите случаи и ако се шират такви гласини како што кажувате дека се во спрега работниот однос е двостран меѓу работникот и работодавачот. Секогаш инспекторите се меѓу две страни меѓу странат ана работникот и меѓу страната на работодавачот. Ако инспекторот не постапи согласно законот едната страна е незадоволна. Често случаи има каде што и работодавачите се незадоволни по постапувањето на инспектори. И затоа инспекторот е должен да постапува онака како што е предвидено со законот, а во понатамошна постапка работниците можат да си ги остваруваат правата и преку други органи преку судовите.
Се воделе постапки меѓутоа се утврдило дека инспекторите не направиле посериозни прекршување на постапката при водењето на инспекциските надзори.
Како што појасни во емисијата трудовиот инспектор Злате Стојановски, работодавачите при престанок на работниот однос на работниците можат да ги одјават во Агенцијата за вработување без таму да приложат никакви документи. – Таква е постапката во Агенцијата. Доколку работникот смета дека со престанокот му е прекршено одредено право тогаш може да приговара и кај работодавачот и да поднесе пријава до Инспекторатот, рече Стојановски.
Состојбата со корона кризата, укажа, не враќа назад во почитување на работничките права.
– До минатата година односот помеѓу понудата и побарувачката на работна сила донекаде се изедначи и работодавачите потешко доаѓаа до работниците односно имаше недостаток на работници и веќе почнаа да се остваруваат повеќе работничките права. Работодавачите внимаваа на остварување на правата. Меѓутоа оваа ситуација веќе не врати назад во тој дел со тоа што веќе работодавачите посебно работодавачите од дејностите каде што согласно препораките односно мерките на Владата се забранети да работат: угостителството, туризмот , рестораните, кладилниците, казината, работодавачите во овие дејности веќе ги отпуштаат работниците и им ги откажуваат договорите за вработување. И тука ги прекршуваат правата, рече Стојановски.