Во март 67,7 отсто од потрошената струја од домашни извори

Во март оваа година во земјава се потрошени вкупно 694.462 мегават часови електрична енергија, 11,81 милиони нормални кубни метри природен гас, 585.641 тон јаглен и 81.634 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 67,7  отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 96,1 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.