Во Малезија откриени 1.864 тони илегален токсичен отпад од Романија


 

Малезија откри досега најголема илегална пратка на токсичен отпад, 110 контејнери со штетни тешки метали од Романија, кои биле на пат кок Индонезија, објави денеска државниот медиум Бернама.

Малезија во минатите години стана главна дестинација за пластичен отпад, откако Кина го забрани увозот.

Куала Лумпур во моментот преговара со земјите од кои стигнал отпадот за да им ги врати контејнерите со пластика кои илегално влегле на нејзина територија.

Министерот за животна средина и вода Туан Ибрахим Туан Ман објави дека 1.864 тони материјал кој содржи метали како цинк, кадмиум и ж0ива се пронајдени напуштени во пристаништето Танјуг Пелепас во јуќната сојузна држава Јохор. Нагласи дека тоа е најголем ваков пронајдок во малезиската историја.

Додаде дека Романија е контактирана за да се договори враќање на контејнерите, а Интерпол спроведува истрага.