Во Македонија уапсен поранешен припадник на ОВК баран од Србија

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека во Македонија е уапсен Блерим Рамaдани, поранешен припадник на ОВК, врз основа на потерница издаден од Србија.
„Станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово“, соопшти Министерството за правда на Косово.
Министерството за надворешни работи соопшти дека во овој случај се занимава и амбасадорот на Косово во Македонија и дека косовските властите работат на брзо ослободување на Блерим Рамадани.
„Нашиот амбасадор во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се заложи за постапување по овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадан“, се вели понатаму во одговорот за косовските медиуми.