Во мај ќе почне реконструкцијата на Универзалната сала


Иако денеска беше претставен проектот за новиот изглед на Универзалната сала во Скопје, нејзината реконструкција ќе почне во мај.

Објектот ќе го задржи својот постојан габарит и автентичен изглед, а за рекострукцијата на Универзалната сала, Владата издвои 120 милиони денари.

„На мое и општо големо задоволство промовираме проект за реконструкција на Универзална сала. Од буџетот се издвоени 120 милиони денари. Универзална беше, е и очигледно останува омилена културна институција на многумина скопјани. За мене тоа е доволна причина и мотив за повторно отворање на нејзините врати. Ќе биде реконструирана во постојниот габарит задржувајќи го својот автентичен изглед. Идејата да ја сочуваме во постојната форма и локација дојде по опсежна и отворена дебата и недвосмислено изразување на волјата на јавноста. Наш приоритет е да ја отвориме оваа сала во нејзиниот полн капацитет во текот на оваа година. На 8 март ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект, со што ќе има услови за распишување на тендерската постапка и во текот на мај очекувам да почнат градежните активности“, рече Шилегов.

Архитектот Бујар Муча од архитектонското биро „Мегарон“ објасни дека просторно и функционално, објектот ги задржува постојната функција и форма, а оваа фирма го донира проектниот план на Град Скопје.

Реконструкцијата ќе биде во две фази – во првиот дел ќе се опфати надворешната реконструкција на Универзалната сала, а во втората фаза ќе биде внатрешното уредување. Сепак, ќе има и намалување на бројот на седишта, а според планот капацитетот би бил од 1 100 до 1 200 седишта.

Архитетктот Муча имаше презентација на проектот за Универзална сала и појасни како таа ќе изгледа во иднина.

„Се задржува постоечката форма, се прави внатрешна реорганизација на просторот, се вметнуваат нови современи материјали во фасадата, пред се поради енергетската ефикасност, но со мали корекции во постоечката конструкција се зголемува и противпожарната заштита, рече Муча. Тој изрази надеж дека Универзална сала наскоро повторно ќе блесне во стариот сјај“, како порано.

Додаде дека со новиот план се внимава на заштита на објектот од пожар.

„Универзална сала во времето кога е изградена ја пренесе пораката во постземјотресно Скопје дека животот мора да продолжи. Денес, во услови на пандемијата, која започнуваме со нејзината обнова, Универзална сала повторно ја носи истата порака дека животот мора да продолжи. Уште еднаш солидарноста доаѓа до израз. Архитектот Муча и неговото архитектонско биро го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална сала како донација. Откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи, се предвидува почеток на реконструкцијата во мај. Гласот на граѓаните е слушнат и прифатен. Таа ќе биде реконструирана со постојниот изглед и габарит. Со повторно отворање на вратите на Универзална, кои пет и пол години се затворени, ќе се создадат сите услови да се отворат и портите на Скопје со претензија во 2028 година со гордост да ја понесеме титулата Европска престолнина на културата, рече Заев.“, рече Заев.

Во изминатиот период, властите излегоа со идеја за дислокација на објектот и негоа изградба ана друго место, но по критики во јавноста, Шилегов понуди три опции – изградба на нова универзална сала на постојната локација, изградба на нова сала на нова локација, и реставрација на постојниот објект и изградба на нова сала на нова локација.

Денеска, градоначалникот Шилегов потврди дека одлуката за реконструкцијата на Универзалната сала не значи и откажување од идејата за изградба на нова концертна сала.

„Ова не значи дека се откажуваме од идејата за нова концертна сала во Скопје, но нашиот приоритет е да ја отвориме Универзална сала во нејзиниот полн капацитет уште во текот на оваа година“, изјави Шилегов.