Во магичен амбиент викендов се одржа „Поточиња 2026“
Iзминатиов викенд (18 и 19 април) во Македонската опера и балет се одржа 23. издание на детскиот фестивал „Поточиња“. Гледалиштето беше исполнето со насмевки и среќни детски лица на сите седум фестивалски претстави за кои се бараше билет повеќе бидејќи неколку денови пред одржувањето на „Поточиња 2026“ фестивалските претстави беа комплетно распродадени.
Детската публика имаше можност да ужива во новите 17 песни проследени со прекрасни анимирани видеа со испишан текст, модерна сценска лед техника која заедно со акустичниот амбиент на салата направи вистински магичен амбиент.

Атмосферата дополнително ја креваше популарниот Поки (актерот Мартин Јорданоски) кој интерактивно комуницираше со публиката, ја забавуваше со магионичарски трикови, а особено внимание привлече неговиот перформанс на тапан кој кај децата измами огромно задоволство.
На репертоарот се редеа песни од сите аспекти на детскиот свет, а Поточиња ја прошетаа публиката од летање до вселената на шеќерната планета до патување на Куба, а крајната порака на Поточиња до публиката беше: Ве сакаме!
Новите песни веќе се достапни на Јутјуб каналот на Поточиња и може да се слушнат на следниот линк – https://www.youtube.com/