Во Куманово се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа


Јавното претпријатие „Куманово-гас“ ја проширува дистрибутивната гасоводна мрежа, информираа денеска од претпријатието. Во тек е изградба на секундарна дистрибутивна мрежа на делницата на улица „Васко Карангелевски“ во должина од 800 метри.
-Создаваме технички услови за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем за околу 200 домаќинства на таа локација, изјави директорот на претпријатието, Никола Денковски.
Претходно беше  поставена приклучок на станбена зграда на улицата „Иво Лола Рибар“, a се прошири и мрежата на „Димитар Влахов“ и на дел од улицата „Ленинова“ .
Од претпријатието ги повикаа физичките лица и правните субјекти од овие делови од Куманово, доколку се заинтересирани, писмено или телефонски да се обратат до претпријатието или преку станбени домари, бидејќи, ако што велат одговорните, создадени се технички услови за приклучување на нивните индивидуални и колективни станбени објекти на дистрибутивниот гасоводен систем на град Куманово.