Во Куманово изложба на македонската наива


 

Во Уметничката галерија во Куманово вечер ќе се отвори изложба на македонската наива и ќе се промовира книга за феноменот на творештвото кое припаѓа на оваа област.

Со обемен текст на шеесетина страни и околу сто колор репродукции, во книгата се дава објаснување за појавата и развојот на наивата во светски рамки, како и за состојбата и спецификите кај нас.

На изложбата меѓу самоуките автори, кои во отсуство на формално ликовно образование се потпираат исклучиво на сопствените внатрешни импулси и креативни потенцијали, ќе биде застапен и светски познатиот и меѓународно признат уметник Вангел Наумовски. Покрај негови ќе бидат изложени дела и на Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри Трендафиловски-Добрин, Ристо Ристовски и Крсто Славковски, кои се припадници на основоположничката генерација, но и Боро Арсовски, Љубица Андреевска Љупка, Трајко Матевски Рисимкин, Стеван Поповски, Ангел Петровски, Љупчо Серафимов, Васко Ристовски и други сликари, како и скулпторите Живко Каровски, Стоимир Веселинов, Петар Давчев, Бранко Кајсторовски, Владо Стојанов, Живко Богатинов, Атанас Атанасов и Станимир Стојаноивски-Мичо.

Куратор на проектот е Гоце Божурски.