Во куќа во Бостон најдени тела на четири доенчиња


Во куќа во САД пронајдени се тела на четири доенчиња, јавуваат американските медиуми. Едно од телата е најдено во замрзнувач.

Полицијата на 17 ноември одговорила на дојава дека во кужа во јужен Бостон, а не е јасно кој се јавил во полиција. Кога стигнале во куќата, полицајците нашле нешто налик на човечки фетус или доенче. Следниот ден на 18 ноември, детективите пронашле повеќе човечки остатоци, а утврдено е дека се работи за две момчиња и две девојчиња, (вклучувајќи го телото пронајдено ден претходно). Едно од нив било во замрзнувач.

Над нив е извршена обдукција, а резултатите се чекаат, соопшти полицијата. Не е идентификуван ниту еден потенцијален осомничен. Детективите од одделот за убиства продолжуваат да го истражуваат инцидентот, заедно со канцеларијата на тужителот од округот Сафолк, додава полицијата.