Во косовскиот парламент седат 12 милионери – предничи Пацоли


 

Во актуелниот состав на косовскиот парламент има 12 пратеници – милионери, врз основа на регистарот на имот, кој го објави Агенцијата за борба против корупцијата.

НИвното богатство се движи од еден до 700 милиони евра, пишува Репортери.

Убедливо на прво место по богатство е Беџет Пацоли, кој има куќи, земја, приватен авион, удел во многу компании, и милиони евра во готово во финансиски институции.

Според Агенцијата, неговото богатствто вреди околу 700 милиони евра, а само земјиште што го поседува во зтранство вреди седум милиони евра, потоа куќа од 18 милиони евра, хотел од 42 милиони евра, или вкупно недвижности во вредност од 200 милиони евра.

Акциите во 20 компании му вредат околу 500 милиони евра

Неговиот годишен приход е околупет милиони евра.

Пратеникот од Алијансата за иднина на Косово, Газменд Абраши има шест парцели, три куќи, стан, два локали и вила, акционер е, а има и повеќе вредни автомобили. Се купно околу 6,4 милиони евра

Меѓу милионерите е и поранешниот министер за инфраструктура Паљ Љекај со имот вреден околу два милиони евра, а поседува земјиште, куќа, стан, автомобили и друго.

На листата милионери се запиша и претседателот на ДСК, Фатмир Реџепи, кој има акции во две компании вредни околу милион евра, има три стана, две парцели, куќа, автомобили и доста пари на сметка, односно 93.000 евра лично и 533.000 евра заеднички пари.

Пратеникот од Самоопределување Јахја Кокај има недвижности вредни повеќе од милион евра, куќа и библиотека вредни 480.000 евра, уште една куќа, два стана и продавница.

Месечните приходи му се 111.468 евра од Универзитет во Кувајт .

Милионер е и пратеникот Љубинко Караџиќ, со земјиште вредно 1,3 милиони евра.

Пратеничката на Демократскиот сојуз Саранда Муслиу, има фабрика ведна 6 милиони евра, куќа, вила, два стана и земјиште, вредни околу милион евра.

Нејзиниот партиски колега Шкељзен Хајдини има шест станови, деловен простор, земјиште и куќа вредни повеќе од милион евра.

И пратеничката Валентина Бунјаку-Реџепи е милионерка, а пријавила деловни простори и две куќи вредни 1,5 милиони евра и неколку автомобили.

Семејството на пратеникот од Самоопределување Ваљон Рамадани има милионски имот. Само парцелите на татко му вредат повеќе од 3 милиони евра.

На списокот милионери се и пратениците Ветон Бериша со имот поголем од милион евра и пратеникот Џеват Ука со имот од 4 милиони евра