Во Косово стигнале вакцините против Ковид-19, ЕУ ги следи


 

Додека приштинските власти порачуваат дека вакцините против корона вирус од Србија стигнале на северот на Косово по илегален пат, ЕУ вели дека го следи развојот на настаните, пренесе „Газета експрес“.

Претставник на ЕУ за „Газета“ вели дека го следат развојот на настаните во врска со дистрибуцијата на вакцините против корона вируст на северот на Косово.

Портпаролот на ЕУ додаде дека Белград и Приштина треба да се однесуваат во согласност со спогодбите постигнати во дијалогот за движење на стоки, пренесе „Косово онлајн“.

„Властите во Србија и во Косово треба блиску да соработуваат во согласност со релевантната спогодба за дијалог во движењето на стоки и сертификација на фармацевтски производи“, рече портпаролот на Европската Унија.