Во Косово прославен роденденот на Клинтон


Здружението „Пријатели на Америка“шеснаесетта година по ред го прославуваат роденденот на поранешниот американски претседател, кој го слави својот 74. роденден.

Здружението го пофали придонесот на Клинтон, американските институции и други сојузници кои му помогнаа на Косово, пренесува „Косово прес“. Претседателот на Здружението „Пријатели на Америка“, Агим Реџепи, истакна дека младите на Косово во некои области се поспособни од земјите кои се далеку понапредни во образованието.

„Ние сакаме да испратиме пораки и до американските институции и до нашите сојузници ширум светот да имаме прекрасна младина, имаме млади луѓе кои имаат иднина, имаме млади на кои им треба просперитетен свет затоа што секој ден ги надминуваат другите земји со многу понапредно образование од Косово“, истакна Реџепи.

Роденденската прослава беше обележана со сечење торта и делење  на разгледници и книги.