Во Косово повеќе од 1.000 новозаразени, Србија – 2.520


 

Ковид-19 зема замав во соседството. Така денеска во Косово се регистрирани 1.084 новозаразени, додека во Србија, 2.520.

Во Косово биле тестирани 2.811 луѓе, од кои 1.084 биле позитивни на корона вирус.

Во истиот шериод, од последиците на Ковид-19 починал еден пациент, соопшти косовското министерство за здравтство.

Во моментот во Косово, активни се 4.902 случаи.

Според последните податоци од Србија пак, во земјата денеска се регистрирани 2.520 новозаразени.

Во последните 24 часа починале четири пациенти од последиците на заразата.

Во болница се лекуваат 239 пациенти, додека на респиратор се десет лица.