Во Косово починаа петмина, новозаразени 168


 

Во Косово во последните 24 часа починаа уште петмина од последиците на корона вирусот, а позитивни се нови 168 лица, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје.

Најмногу заболени има во Приштина, но и во подуево, Урошевац, Дечане, Пеќ.

Од почетокот на епидемијата, во Косово потврдени се 6.045 лица кај кои е најден корона вирусот, а починаа вкупно 144 лица.

Активни се уште 2.675 случаи.