Во Косово од Ковид-19 починаа петмина, а 329 се новозаболени


Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови пет смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период има и 329 нови случаи кај кои е откриен корона вирусот.

Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во Косово вирусот е откриен кај вкупно 46.909 лица, од кои починале 1.203 заразени.

Последните 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 555 лица кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 34.155.

Активни во моментов, според официјалните податоци, се 11.550 случаи.

Вчера се извршени 1.327, а вкупно досега 164.548 тестирања со методот РТ-ПЦР.