Во Косово од Ковид-19 денеска починаа 14 пациенти, новозаразени се 560


 

Во Косово, во последните 24 часа, забележани се 560 нови случаи со корона вирус, а од последиците на заразата починаа 14 пациенти, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина.

Тестирани биле 1.620 граѓани.

Во моментот активни се 13.469 случаи со кроона вирус, пренесе Косово онлајн.

Вкупниот број позитивни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 42.377, а направени се 151.363 тестови.

Досега од последиците од корона вирсу починаа 1.087 лица.