Во Косово нови 158 заразени со корона вирус, починаа 13


 

Во последните 24 часа во Косово регистрирани се 158 нови случаи на Ковид-19, а пријавени се и 13 починати, соопшти Институтот за јавно здравје на Приштина.

Како што јавуваат косовските медиуми, најголем број од новозаразените се од Приштина.

Од почетокот на пандемијата во Косово, заболеа 12.006 лица, а починаа 438 пациенти.