Во Косово двајца починати и 49 новозаразени од Ковид-19


Во последните 24 часа во Косово починаа двајца заразени од Ковид-19, така што билансот на жртви на епидемијата сега изнесува 647.

Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравство на Косово, вчера во земјата се регистрирани 49 новозаразени и 53 излекувани, со што бројот на лица кај кои е откриен корона вирусот од почетокот на пандемијата сега изнесува 16.179, додека на оние кои ја совладале болеста 14.335.

Активни носители на вирусот во Косово се 1.197 лица. Вчера се извршени 680, а од почетокот на пандемијата 74.586 тестирања со методот РТ-ПЦР.