Во Косово 12 починати, 462 заболени и 536 излекувани од Ковид-19 минатото деноноќие


Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.198 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа 12 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека позитивни на коронавирусот, од вчера извршените 1.314 тестови со методот РТ-ПЦР (163.221 вкупно досега), резултирале 462 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 46.580, а болеста досега ја совладале 33.600 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 536 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата во моментот има 11.782 активни носители на коронавирусот.