Во континентална Европа температурите во август над нормалата


Англија– Континентална Европа се очекува во август да има температури над нормалните и сувите услови, додека во источна Европа, Скандинавија и западна Русија ќе има постудени метеоролошки услови, се посочува во извештајот на компанијата Ведер, која е во сопственост на ИБМ.

Во август, температурите во Велика Британија и јужниот дел на Скандинавија се очекува да бидат над нормалните, како и во Германија, Франција и на Алпите, со исклучок на западна Шпанија.

Исто така, во Југоисточна Европа, се очекува температурите да бидат над нормалните за овој период од годината.