Во комбинезон и чизми: Шведската принцеза Викторија во Сараево


БиХ- Шведската принцеза и престолонаследничка Викторија (42) со сопругот, принцот Даниел (46) заедно со шведската заменичка на премиерот и министерка за околина Изабела Ловин, пристигнаа во официјална посета на Босна и Херцеговина.

Во Сараево ги посетија катиоличката катедрала, Гази Хусрев-беговата џамија, старата православна црква и старата Синагога која е претворена во музеј на Евреите и Градското собрание.

За посетата, принцезата Викторија облече едноставен комбинезон во циклама боја и  чизми во ист тон од брусена кожа со дискретен накит.

Двојката се венчаше во 20110 година. Имаат две деца: Естел (7) која ќе ја наследи мајката на шведскиот трон и принц Оскар (3,5).