Во Кина уште 18 лица заразени со Ковид-19


Кина – Во Кина се регистрирани 18 новозаразени со Ковид-19, од кои девет во Пекинг, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Додека вчера во Кина потврдени се 26 нови случаи, од кои 22 во Пекинг.

Пекинг во кој живеат повеќе од 20 милиони жители, на 11 јуни го пријави првиот инфициран со новиот коронавирус во вториот бран на епидемијата. Новиот бран на инфекцијата е поврзан со пазарот во југозападен Пекинг, а до сега се заразени 236 луѓе.