Реките сѐ уште прелеваат, опасноста се сели на југ – во Кичево евакуирани 220 лица
По вчерашните обилни дождови во кичевбо се евакуирани 220 лица, сместени во спортската сала, а преку Црвениот крст им се доставуваат храна, облека и други потреби. Во Полошкиот регион најкритично е во селото Форино, Во Беровскиот крај има одрони, а дел од селата се без струја во Пробиштипско.
Инаку, Управата за хидрометеоролошки работи предупредува на внимателно движење крај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.
„Во текот на изминатата ноќ и изутрина сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање на реката во тој дел. Водостојот на реката Треска изутринава е во намалување, но сѐ уште е исклучетлно висок водостојот и на критично ниво па постои опасност од излевање на реката во некои делници по течението.
Црна река бележеи зголемен водостој изутринава и во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во Демирхисарско и Поелагонискиот регион во текот на денов. Водосотојот на реката Кичевска полека се повлекува, но и таму остануваат дел на заезерени и поплавени површини. До крајот на денот се очекува висок водостој на реката Вардар во годното и средното течение, а да има зголемување во долното течение на реката кон Демир Капија и Гевгелија“, велат од таму, а извештајот е за состојбата утрово до 8.30 часот.
Црна река бележеи зголемен водостој изутринава и во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во Демирхисарско и Поелагонискиот регион во текот на денов. Водосотојот на реката Кичевска полека се повлекува, но и таму остануваат дел на заезерени и поплавени површини. До крајот на денот се очекува висок водостој на реката Вардар во годното и средното течение, а да има зголемување во долното течение на реката кон Демир Капија и Гевгелија“, велат од таму, а извештајот е за состојбата утрово до 8.30 часот.
Центарот за управување со кризи пак, информира дека во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ поради обилните врнежи од дожд и поплавувањата. Најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште.
Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица „Прилепска“ е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Заезерувања има и на улица „29 Ноември“ во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба.
Во Североисточниот регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката
Во Скопскиот регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасност.
Во Југоисточниот регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд. Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово и за истиот се известени надлежните служби.
Во Источниот регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.