Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир
Најголема излезност за градоначалник на Град Скопје според ДИК се забележува во општините: Карпош со 22,14%, Општина Центар 21,58% и Кисела Вода со 19,57%. Најмала излезеност до 13 часот има во Сарај со 3,58% и Чаир со 5,34%.
Споредено со одзивот на гласачи во првиот круг и пресекот направен тогаш во 13 часот, излезноста била 20,07%, соопшти ДИК.
Одзивот на гласачите по другите општини до 13 часот процентот на избирачи бил 19,96% а бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци до ДИК е 1279 или 93,15%. Споредено со првиот круг излезеноста во 13 часот била 20,12%.