Во калифорниската Долина на смртта поради поплави блокирани 1.000 луѓе


 

Поплавите предизвикани од рекордни дождови над еден од најтоплите и најсушните места на земјата блокираа речиси 1.000 лица во националниот парк Долина на смртта и поради тоа тој е затворен, велат службениците од паркот.

Околу 60 автомобили кои припаѓаат на посетители на паркот и персонал биле затрупани од наноси во историски луксузниот хотел во близина на седиштето на паркот Фурнас Крик, во близина со границата на Невада, соопштија од паркот.

Поплавите нанесоа контејнери со ѓубре врз паркираните автомобили, ги исфрли автомобилите еден врз друг. За среќа, нема повредени луѓе/ Околу 500 посетители и 500 членови на персоналот на паркот не можеле да го напуштат паркот, затоа што сите патишта кои водат надвор од Долината на смррта се затворени.

Ова е едно од најсушните места на Земјата
Просекот на врнежи во паркот годишно е 55,88 мм, поради што тоа место е најсушно во Северна Америка. Фунрас Крик го држи рекордот за нависока некогаш забележана температура на Земјата, 56,7 степени Целзиусови.

Поплавите предизвикани со монсуснски дождови се составен дел од екологијата на Долината на смртта и се појавуваат некаде во паркот секоја година, непрестано пресекувајќи и преобличувајќи го кањонскиот изглед. Но, таква поплава како вчера, имало во 2004 година кога биле затворени сите патишта, при што загинаа и две лица чии возила биле однесени.

Американската служба за паркови вели дека наскоро се очекуваат уште монсунски дождови и дека следните денови се можни врнежи од дожд.