Во Јужна Кореја се врати вирусот – училиштата затворени еден ден откако беа отворени


Повеќе од 200 училишта во Јужна Кореја мораа да бидат затворат само еден ден по повторното отворање, како резултат на новиот скок во случаи на вируси.

Илјадници ученици во средата се вратија на училиштата, откако земјата започна да ги ублажува ограничувањата на вирусот. Но, само еден ден подоцна, беа регистрирани 79 нови случаи, што е најголема дневна бројка за два месеци.

Повеќето од овие случаи се поврзани со дистрибутивен центар во близината на Сеул.

Складиштето, во градот Бучеон, го води најголемата фирма за е-трговија во земјата „Купанг“, а официјалните лица соопштија дека објектот не бил придржувал строго во согласност со мерките за контрола на инфекцијата. Здравствените службеници дури откриле и траги од Ковид-19 на работнички чевли и облека.

Можно е Јужна Кореја да продолжи да забележува пораст на случаите бидејќи продолжува да тестира илјадници вработени од центарот. Околу 58 нови случаи беа забележани во петокот, со што вкупниот број случаи на национално ниво се искачи на 11.402.