Во Јужна Кореја починале 32 лица кои примиле вакцини против сезонски грип, се бара истрага
Јужнокорејскиот премиер Чунг Сје-кунг повика на истрага за смртта на десетици Јужнокорејци кои примиле вакцина против грип, јави ДПА.
Триесет и две лица починаа по вакцинирање во последните неколку недели, но здравствените власти велат дека не нашле директна врска помеѓу жртвите и вакцината.
Премиерот истакна дека властите треба да ја испитаат „каузалната врска“ и да ги објават резултатите јавно. Тој исто така изрази сочувство на роднините на починатите.
Владата на Сеул објави дека програмата за имунизација ќе продолжи. Државата сака да вакцинира 19 милиони луѓе против грип за да избегне нова здравствена криза во услови на епидемија на новиот коронавирус.