Во јануари раст на депозитите и кредитите на годишна основа, пад на месечно ниво


Фото:Б.Грданоски

Народната банка денеска објави дека на годишна основа вкупните депозити во јануари се зголемени за 7,4 проценти, а вкупните кредити за 8,4 проценти.

Растот на депозитите, како што наведува централната банка, е резултат на растот на депозитите кај двата сектора, но поизразен е кај домаќинствата, додека растот на кредитите е помалку изразен кај корпоративниот сектор.

Според податоците објавени од Народната банка, во јануари вкупните депозити бележат месечен пад од 0,8 проценти што во најголем дел се должи на падот во корпоративниот сектор, додека кредитите на месечно ниво остануваат непроменети.

Кај корпоративниот сектор, на месечно ниво депозитите бележат пад од 3,1 проценти, додека кај домаќинствата има минимален месечен пад од 0,1 процент.