Во Израел пуштен од затвор арапски терорист по 40 години


махер Јунис пречекан од пријателите и роднините (Фото: АФП)

 

Арапско-израелскиот терорист, кој одлежа 40 години за убиство на војник на Израел, беше ослободен од затвор во четвртокот, а голем број полицајци беа распоредени во и околу неговиот роден град за да ги спречат прославите по неговото пристигнување.

Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир во изјава рече дека полицијата добила инструкции да „дејствува решително“ против секое веселба или изразување поддршка за тероризмот кога Махер Јунис пристигнува во неговиот дом, вклучително и спроведување забрана за истакнување на палестинското национално знаме.

Јунис и неговиот братучед Карим Јунис, двајцата од градот Ара во северен Израел, го убија водникот Аврахам Бромберг во 1980 година. Двајцата добија доживотни затворски казни кои тогашниот претседател Шимон Перес во 2012 година ги замени на 40 години.

Кога Карим Јунис беше ослободен претходно овој месец, во неговиот роден град се одржаа јавни прослави и покрај директивата од Бен Гвир да се спречи тоа.

Јунис доби телефонски повик со честитки од претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, кој го поздрави поранешниот затвореник како „симбол на палестинскиот народ. Според извештаите на палестинските медиуми, Јунис му рекол на Абас: „Подготвен сум да служам уште 40 години за да ја ослободам татковината Палестина.