Во ИВЗ мирно: Реџепи е тука, Бузаку го нема


По бурната вечер и обидот за разрешување на Реисот Сулејман Реџепи, во Исламската верска заедницае мирно.

Реџепи е на своето работно место, тука се сите негови соработници, додека Скендер Бузаку кој се обиде да стигне до челното место во ИВЗ никаде го нема.

Во моментов во пристигнаа претставници од Католичката црква кои дојдоа на средба со Реџепи во пресрет на посетата на папата Франциск во Скопје.

Г.А.